Се зголемува бројот на италијански второлигаши кои го бараат Несторовски

by
0 минути читање

Големи се шансите Несторовски во јануари да го напушти Удинезе и да замине од клуб во Серија Б.

Последен кој изрази желба да го ангажира е Монца, клубот на Силвио Берлускони кој има амбиции да се пласира во Серија А.

Покрај Монца, интерес за македонскиот напаѓач има и од Лече и Кротоне.

Од овие три клуба Лече е на четвртата позиција со 31 бод колку што има и Монца која е шестта, Кротоне е далеку подоле, се бори за опстанок и во моментов е на 18. место со само 11 бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×