190
Јувентус го позајми Мората од Атлетико Мадрид до крајот на сезоната со опција за целосен откуп.
Во изминатиот период тој силно се поврзуваше со Барселона, дури имаше информација и дека Чави лично му се јавил на Мората.
Откако шпекулациите за негово заминување во Барса станаа гласни, во Јуве бил одржан состанок на кој е донесена одлука Мората да остане во тимот.
Напаѓачот нема да замине во јануари, а дали Јувентус ќе ја искористи опцијата на лето целосно да го откупи за 35 милиони евра, ќе зависи од неговите перформанси до крајот на сезоната.