220
Кутињо се согласил да замине од Барселона, сега се чека прифатлива понуда која се верува дека ќе стигне во јануари. Опција е враќање во Премиерлигата каде за него има интерес од Тотнем, Арсенал и Њукасл.
За разлика од Кутињо, Умтити не сака да си замине, за дефанзивецот кој си ја сруши кариерата со својот став да ја зима големата плата во Барселона иако не игра, нема интерес од големи клубови.
Барселона го губи трпението со него, но тој засега не попушта, останува во Барселона и одбива понуди.
Наводно во последниот период одбил пет понуди. Една од нив е од Фенербахче, имало и некој француски клуб кој е заинтересиран за него, но тоа не е ПСЖ.