Тухел не сметаше на Лукаку за мечот против Ливерпул откако напаѓачот даде интервју во кое се пожали за својот статус во Челси и флертуваше со Интер велејќи дека сака да се врати во Милано.
Германскиот стратег добил поддршка од раководството на Челси за својата одлука, но клубот нема шанси да го пушти Лукаку да замине од Стемфорд Бриџ во јануарскиот преоден рок.
Лукаку имал и состанок со Тухел по кој почнал да тренира многу напорно со цел да се врати во тимот. Тој сака да биде дел од утрешниот натпревар против Тотнем во полуфиналето од Лига Купот.
Тухел изјави дека секогаш има начин за играчот да се врати во тимот, но ќе видиме дали Лукаку брзо ќе биде дел од натпреварите или ќе треба да почека уште некое време.
Се очекува тој да добие и свирежи од навивачите на Челси кои се разочарани од неговото однесување.
Лукаку е свесен дека само со напорна работа, добри настапи и голови може да ги сврти работите.