Рангник ја објасни замената поради која доби свирежи од публиката

by
1 минути читање

Ралф Рангник вечерва го забележа првиот пораз на кормилото на Манчестер јунајтед, Вулверхемптон ги изненади „ѓаволите“ и со голот на Мутињо за прв пат по 42 години стигна до победа на Олд Трафорд.

„Не одигравме добро, ниту на индивидуален, ниту на колективен план. Во првото полувреме имавме многу проблеми да ги држиме подалеку од нашиот гол“ – вели тренерот на Манчестер јунајтед.

„Во вториот дел за нијанса бевме подобри, имавме повеќе контрола и имаше период од 15-тина минути кога можевме да погодиме. Голот што го примивме, имавме доволно играчи во шеснаесетникот да се одбраниме. Примивме премногу вакви голови оваа сезона. Мутињо шутна без проблеми, без притисок, беше оставен сам. Разочарани сме од резултатот и делови од нашата игра“.

Ралф Рангник доби свирежи од публиката кога по еден час игра реши да го повлече од игра Мејсон Гринвуд и на негово место да го пушти Бруно Фернандеш.

„Гринвуд одигра добро, но мораше да извадам некого. Изборот беше помеѓу Еди (Кавани) и Мејсон. Решив на теренот да го оставам Еди, тој е класичен напаѓач“.

„На 0-0, Бруно имаше голема шанса да не донесе во предност од 1-0“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×