258
Барселона денеска пред јавноста го презентираше новото засилување, Феран Торес, тој се дружеше и со раководството на клубот.
Неколку часа подоцна му беше направен тест кој покажа дека е позитивен на ковид-19. Покрај него позитивен е и Педри.
„Педри и Феран Торес беа тестирани позитивно за ковид-19. Фудбалерите се добри и во домашна изолација. Клубот ги информираше здравствените власти“, стои во соопштението на Барселона.