254
По 18 месеци во Париз, Мауро Икарди е пред враќање во Серија А. Како што пренесува новинарот Педро Алмеида, наѓачот се сели на позајмица во Јувентус.
„Старата дама“ на ПСЖ ќе му плати 2,5 милиони евра за да ги користи услугите на Аргентинецот до крајот на сезоната, а ќе има и опција да го купи во целост за додатни 35 милиони евра.
Доколку се реализира трансферот, навивачите на Интер ќе имаат причина плус да го мразат Мауро Икарди. Напаѓачот ја носеше капитенската лента на „нероаѕурите“ но откако креираше проблеми во соблекувалната, влезе во војна со управата и фановите, кои сигурно ќе бидат разочарани од одлуката да го облече дресот на лутиот ривал.