Манчестер
јунајтед се „корегираше“ за ремито кај Њукасл со тоа што вечерва на свој терен
го совлада Барнли со 3-1, а конечниот исход од пресметката беше поставен уште
по првите 45 минути игра.
МекТоминеј во 8
минута погоди за 1-0 откако постигна убав гол со удар вон казнениот простор на
гостите, а Ми во 27 минута со својот автогол практично го дуплираше водството
на домаќините.
Роналдо се запиша
во листата на стрелците откако наиде на „отпадок“ во 35 минута, со што зголеми
на 3-0, а мала неизвесност на мечот донесе голот на Ленон во 38 минута, меѓутоа
уште во тој момент беше поставен конечниот исход на средбата на „Олд Трафорд“.
Со оваа победа,
избраниците на Ралф Рангник се израмнија со Вест Хем во однос на бодовите (31),
а воедно се на делба на петото место на табелата, „Црвените ѓаволи“ имаат два
заостанати натпревари.