„Газета дело
Спорт“ пишува дека дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт е број еден желба
на Барселона во однос на засилувањата за идното лето, меѓутоа Каталонците
немаат специјална откупна клаузула за да го ангажираат Холанѓанецот.
Де Лихт се
приклучи на Јувентус од Ајакс за сума од 85 милиони евра пред две години, а
токму Барселона беше една од екипите кои беа заинтересирани за неговите услуги.
Тогаш
контроверзниот агент Мино Рајола објасни дека конечната одлука паднала на
Јувентус од причина што неговиот клиент би можел да научи како да се развие на
дефанзивен план во Италија.
Како и да е, се
верува дека Де Лихт е подготвен за нов чекор во својата кариера, сугестирајќи
на тоа дека на лето би можел да си замине од редовите на „Старата дама“.