165
И покрај тоа што веќе го донесоа Феран Торес, Чави сака да го засили тимот со уште еден напаѓач.
Според „Мундо Депортиво“, Чави му се јавил на Мората и му рекол дека го сака во Барселона на шестмесечна позајмица со можност за перманентен договор во летниот преоден рок.
Мората сака да си оди од Јувентус, расположен е за предлогот на Чави, но работата е далеку од завршена.
Барселона се соочува со финансиски проблеми, тие допрва треба да направат простор за регистрација на Феран Торес, па во зависност од тоа колку играчи ќе си заминат од Камп Ноу во јануари, ќе се знае и дали би можеле да го ангажираат Мората.