Самир Насри
потпиша за Манчестер Сити во 2011 година, период кога тренер на „Граѓаните“
беше Роберто Манчини, а двоецот го подигна пехарот во Премиерлигата за прв пат
во историјата на клубот по 1968 година.
Сепак, според зборовите
на Насри, се чини дека тој немал добри односи со Манчини, а откри и една
анегдота за време на натпревар со Вулверхемптон.
„Во првото
полувреме, тој продолжи да коментира и дофрла кон мене, му реков да престане,
со тоа што му ставив дознаење дека доколку не е среќен со моето издание, да ме
повлече од игра“ рече Насри за „Канал+“.
„Бев подготвен да
бидам повлечен од игра на полувремето, а во соблекувалната до мене седеше Јаја
Туре, ги соблеков копачките и му реков дека во случај да зборува лошо кон мене,
тогаш ќе ги фрлам копачките кон него“ додаде тој.
„Го навредував со
сите можни зборови, како и имиња, дури и неговите деца ги спомнав, кои често
доаѓаа во клубот“ заврши Насри.