Џовинко упати предупредување до Инсиње за Торонто

by
1 минути читање

Поранешната
италијанска фудбалска ѕвезда Себастијан Џовинко, веројатно поучен од своите
постапки упати јавно предупредување до својот сонародник и член на Наполи,
Лоренцо Инсиње кој е пред трансфер во Торонто.

Инсиње ги одбра парите пред фудбалот, но дали некој може да каже НЕ на ваква понуда?

Џовинко по
преселбата во Торонто во 2015 година падна целосно во сенка, најмногу поради
фактот што играше во понеквалитетно првенство од тие во Европа, па така имаше
јасна порака до Инсиње.

Овде, во Канада
се убедени дека договорот е веќе постигнат, тие очекуваат Инсиње да пристигне
во март, но сево ова е навистина чудно за мене
“ рече Џовинко за „Кориере дело
Спорт“.

Инсиње е капитен
на Наполи, не верувам дека би го напуштил клубот на средина од трката за
титулата, а во однос на тоа зошти би се приклучил на Торонто, зависи од повеќе
услови
“ додаде Италијанецот.

Првично, од
човечки аспект јас лично се чувствував прекрасно, дополнително во град каде се
живее мошне лесно, но од професионален карактер морате да имате во предвид дека
ќе паднете целосно во сенка на сите случувања, јас го загубив местото во
националниот тим, доколку сте подготвени да ги оставите сиве овие работи зад
вас, тогаш тоа е искуство кое би му го препорачал секому
“ заклучи Џовинко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×