Дејан Кулушевски
идниот месец би можел да биде продаден од страна на Јувентус, со тоа што клубот
од Торино тоа би го сторил во случај да пристигне понуда во висина од 35 до 40
милиони евра за Швеѓанецот.
Тотнем, Арсенал и
Баерн Минхен се наведуваат како клубови кои се најсериозни претенденти за
потписот на Кулушевски, кој лани во Јувентус дојде по трансферот од Аталанта
вреден 35 милиони евра, а дополнително и 9 милиони евра во бонуси базирани на
перформансите на фудбалерот.
„Газета дело
Спорт“ тврди дека Јувентус е подготвен да се раздели со Кулушевски доколку на
нивна адреса пристигне горе наведената сума за обештетување, а Тотнем се
наведува како клубот кој е во блага предност во однос на ривалите.
Токму спортскиот
директор на „Спарси“, Фабио Паратичи, додека беше на истата позиција во
Јувентус го договори трансферот на Кулушевски.