178
Манчестер
јунајтед има план доколку Единсон Кавани си замине од клубот во јануарскиот
преоден рок, со тоа што „Црвените ѓаволи“ го имаат Мауро Икарди од ПСЖ како
опција.
Иднината на
Кавани на „Олд Трафорд“ се поврзува со разни шпекулации, со тоа што 34
годишниот напаѓач воедно влегува и во финалните шест месеци од својот актуелен
договор со клубот.
„Калчомеркато“
извести дека во случај Кавани да си замине идниот месец, во тој случај
Манчестер јунајтед ќе тргне по потписот на напаѓачот на ПСЖ, Икарди, за кого
интерес постои и од Јувентус.