Џака за Обамејанг: Бев во таква ситуација, добро знам како се чувствува

by
1 минути читање

Гранит Џака е
убеден во тоа дека Пјер-Емерик Обамејанг се уште има иднина во Арсенал и покрај
фактот што напаѓачот поради прекршување на кодексот за дисциплина е казнет од
својот тренер Микел Артета.

Габонецот е
казнет поради тоа што се врати доцна од патувањето во Франција кај својата
мајка пред две седмици, а освен што му беше одземена капитентската лента, беше
изоставен од составот на „Топчиите“.

Бев во една
таква ситуација, добро знам како Обамејанг се чувствува
“ рече Џака кој пред две
години влезе во вербален конфликт со навивачите на клубот, по што му беше
одземена капитентската лента.

Сепак, мојата
приказна беше поинаква, со поинакви проблеми, но можеби понекогаш тоа не е
чекор назад, туку чекор напред
“ додаде тој.

Мислам дека
Обамејанг е силен како личност, има доволно искуство да се врати и да биде
подобар од било кога, можете да бидете позитивен и да верувате дека може да се
случи пресврт, верувам дека Обамејанг може да го стори тоа
“ подвлече Џака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×