163
Њукасл добро го
испоти фаворитот Манчестер јунајтед и одигра нерешено синоќа на „Сент Џејмс
Парк“ арената, а домаќините дефинитивно беа поубедливи на теренот, па не е
претерана констатацијата дека заслужија да победат.
Познато е дека
Њукасл доби ново богато сопствеништво во Саудискиот конзорциум, а со самото тоа
и богата каса за засилувања, па еден навивач на тој клуб упати посебна порака
до Кристијано Роналдо, барајќи од Португалецот да го засили неговиот омилен
тим.
„Скоро е 2022,
Њукасл е клубот за тебе“ гласеше пораката на транспарентот на навивачот.