Кутињо се враќа во Премиерлигата, но не во Ливерпул, а извисија Тотнем, Њукасл и Евертон

by
1 минути читање

„Спорт“ извести
дека Филипе Кутињо е пред враќање во Премиерлигата откако го посочил Арсенал
како иден клуб, со тоа што Бразилецот посакува да си замине од Барселона уште
во јануарскиот преоден рок.

Поранешниот
фудбалер н Ливерпул се поврзуваше и со Тотнем, Евертон, а беше дел и од
големиот проект на Њукасл кој доби богато сопствеништво и полна каса за
засилувања.

Кутињо не е во
преден план кај новиот тренер на Каталонците, Чави, кој ги преферира помладите
во составот на Барселона, а се верува дека неговиот агент првично преговара со
„Топчиите“ за позајмица, во која ќе има и опција за целосен откуп на неговиот
договор со Каталонците кој истекува во 2023 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×