Јувентус ќе го жртвува Де Лихт за Влаховиќ, Погба и Ромањоли?

by
1 минути читање

„Ла Република“
пишува дека Јувентус има голем план за да ги доведе во своите редови Душан
Влаховиќ, Пол Погба и Алесио Ромањоли, но за тоа да го стори наводно ќе го
жртвува Матијс де Лихт.

Во Италија
наведуваат дека ова сценарио наликува на тоа во 2001 година кога беше продаден
Зинедин Зидан во Реал Мадрид, за потоа да се ангажираат Џанлуиџи Буфон, Лилијан
Турам и Павел Недвед.

Де Лихт беше
доведен од Ајакс за 85.5 милиони евра пред две години, а за Холанѓанецот
интерес пријавуваат Челси, Баерн Минхен и ПСЖ, а се верува дека „Старата дама“
од негова продажба би можела да добие помеѓу 60 и 85 милиони евра.

Со тоа ќе се
олесни патот до потписот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, а во
Торино би можел да се врати Пол Погба, чиј договор со Манчестер истекува идното
лето, а според сличното сценарио и Алесио Ромањоли од Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×