Мохамед Салах и
Ливерпул се во преговори за нов договор и Египјанецот бара неделна плата од
500.000 фунти за да ја продолжи соработката. Се работи за рекордна бројка,
напаѓачот ќе стане најплатен во Премиерлигата и драстично ќе се наруши
структурата на плати на Енфилд.
Многумина сметаат
дека „црвените“ не треба да се двоумат и треба да сторат сè за да го задржат Мохамед
Салах, кој игра во страшна форма и има импресивни 22 погодока на 24 натпревари
оваа сезона.
Но поранешниот фудбалер,
Тони Каскарино верува дека ова е голема грешка. Тој исто така го советува
Мохамд Салах да погледне што се случило со Алекс Санчез, Месут Озил, Пјер
Емерик Обамејанг и Еден Азар.
„Изминативе недели,
многу луѓе рекоа дека Ливерпул за да го задржи Мохамед Салах, треба да му даде
сè што ќе побара, но јас мислам дека ова е голема грешка“ – вели Англичанецот,
кој сега работи како стручен коментатор.
„Пред неколку
години, погледнав еден извештај за приходите на Кристијано Роналдо. Заработил
околу 160 милиони во текот на 12 месеци, но само 20 милиони евра биле од Реал Мадрид,
кој тогаш беше успешен и освојуваше трофеи. Тоа ви кажува дека за да ги
максимизирате приходите, морате да бидете дел од топ клуб кој е способен да
освојува големи трофеи“.
„Па Салах треба
да се запраша, „Дали ќе бидам успешен на теренот во Премиерлигата и во Лигата
на шампиони? Дали имам тренер и десен бек (секако и останатиот дел од тимот)
кој може да ми помогне да прикажувам подобри партии?“ Мојот совет до Салах е да
ја научи лекцијата од овие четворица фудбалери: Алексис Санчез, Месут Озил,
Еден Азар и Пјер Емерик Обамејанг. Сите потпишаа богати договори, но ниту еден
од нив не заврши како клучен играч во клуб кој редовно освојува големи трофеи.
Како резултат на ова, нивната комерцијална вредност драстично опадна. Можеби не
веднаш, но падна кога стана јасно дека тие нема да се борат за трофеи“.
„Па затоа мислам
дека Ливерпул не треба да ја наруши структурата на плати само за да го задржи
Салах. Тоа ќе значи дека нема да можат да задржат други витални, клучни
играчи“.
„Доколку Сахал
остана и Ливерпул е успешен, тој повеќе пари ќе заработува од спонзори и
реклами отколку од тоа што Ливерпул ќе го плаќа“.