783
По заминувањето на Антонио Конте, плус Лукаку и Хакими, неизвесно беше со какви резултати ќе продолжи Интер.
Но Симоне Инзаги се покажа како вистински тренер, Интер е прв на табелата во Серија А, и ја помина групната фаза од Лигата на шампионите.
„Среќен сум за константноста на Интер бидејќи тие на најдобар начин го продолжуваат тоа што го направивме“, вели Конте.
„Можам само да им упатам комплименти, мислам дека имаат база уште долго време да бидат на врвот“.