Последните резултати на Арсенал покажуваат дека Обамејанг повеќе е товар на тимот отколку од корист. Топчиите се подобри кога напаѓачот не игра.
Откако Обамејанг е надвор од тимот, Арсенал оствари пет победи по ред и во тие мечеви даде вкупно 19 голови, тоа е просек од речиси четири по натпревар.
Артета буквално по секој натпревар е прашуван за Обамејанг, но одговорот секогаш е сличен.
„Пјер не беше селктиран. Одлучуваме од натпревар за натпревар. Одлуката беше таа“, изјави кратко Артета.
„Многу сум задоволен од начинот на кој игра тимот, од единството кое е во тимот и од големата поддршка која ја добиваме од фановите“.
Очигледно е дека Обамејанг не му недостасува на Арсенал, клубот би го продал уште во јануари, но прашање е дали ќе се најде купувач за него.
Тој добива огромна плата, играше лошо, веќе не ни игра, па нејасно е дали ќе се најде клуб кој ќе му понуди голем договор.
Додека Арсенал ја држи оваа форма, Артета сигурно нема да го врати Обамејанг во тимот.