173
По заминувањето на Дани Алвеш, „каталонците“ никако не успеваа да најдат соодветен играч за десната бековска позиција. Летото во 2020 година, беше купен Сержињо Дест од Ајакс, но и тој се покажа како промашување.
Фудбалерот од САД не се снаоѓа, Чави не смета сериозно на него па Барселона ќе се обиде да најде купец во зимскиот преоден рок.
Една од опциите е Сержињо Дест да се врати во Ајакс во замена за Нусаир Мазрауи, кој ги одработува последните месеци од договорот.
Се говори дека и Баерн Минхен пројавува интерес за Сержињо Дест, па останува да се види која ќе биде следната дестинација.