171
Ливерпул наводно
подготвува изненадување на трансфер пазарот, со тоа што клубот од „Енфилд“ би
можел да тргне по потписот на фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид,
Едуардо Камавинга.
Сево ова доаѓа
само неколку месеци откако младиот Французин потпиша за „Кралевите“, меѓутоа не
успеа посебно да се наметне под кормилото на Карло Анчелоти.
Неофицијалните
информации говорат дека Камавинга е фрустриран од тоа што не добива адекватна
прилика за докажување во клубот.
Предност во однос
на Камавинга стандардно добиваат поискусните Тони Крос, Лука Модриќ, но и
Касемиро.