Во Тотнем се надеваат дека ќе излезат победници за потписот на Кеси

by
1 минути читање

Во Тотнем се
надеваат дека ќе излезат како победници од трката за потписот на 25 годишниот
фудбалер од средниот ред, Франк Кеси, за кого интерес пријавуваат уште и
Манчестер јунајтед, но и Ливерпул.

Се верува дека „Спарси“
веќе имаат понуда на маса за фудбалерот која изнесува годишна плата од 8.4
милиони фунти, со тоа што доколку се остварат најавите, во тој случај Кеси би
имал повисока плата дури и од Сон во редовите на клубот од Северен Лондон.

Пишувајќи на оваа
тема, „Дејли Експрес“ наведе дека Кеси ја одбил последната понуда на Милан за
нов договор, а ставил јасно дознаење дека сака да си замине од Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×