1,3K
Во последните натпревари на Арсенал, Артета не смета на Обамејанг, не го игра ниту во Премиерлигата, ниту во Карабао купот.
Артета се чувствува изневерено од Обамејанг и покажа цврста рака, но вели дека не е диктатор.
„Не наметнувам авторитет како диктатор. Барам само една работа, тоа е почит и посветеност. Тоа е се“, вели Артета.
„Доколку не го барате тоа на ова ниво, тогаш да си ги спакувам торбите и да одам на друго место“.
Шпанскиот стратег бара само професионален однос од фудбалерите кои добиваат огромни плати, а очигледно некои од нив се однесуваат незрело, како деца.