Пјер-Емерик
Обамејанг е на излезна врата од Арсенал откако го прекрши протоколот за
дисциплина во клубот, а Микел Артета повеќе не смета на Габонецот за
натпреварите на „Топчиите“.
Јувентус се
споменува како еден од клубовите кои пријавуваат интерес за потписот на 32
годишниот напаѓач, меѓутоа „Старата дама“ би го ангажирала Габонецот само под
услов тој да биде достапен на позајмица.
„Калчомеркато“
инсистира на тоа дека клубот од Торино не е во можност да издвои поголеми
средства за трансферот на Обамејанг, па наместо тоа единствената опција е само
позајмица.
Јувентус е во
потрага по напаѓач на трансфер пазарот, а планот е да се засили на таа позиција
уште во јануарскиот преоден рок.