Ерлинг Халанд се
споменува како потенцијално засилување за Ливерпул, откако низ медиумите
излегоа шпекулации дека Мохамед Салах побарал засилувања на тимот како дел од
преговорите за продолжување на соработката.
Големи се
очекувањата за Халанд идното лето да си замине од Борусија Дортмунд, со тоа што
тој период ќе се активира откупната клаузула во висина од 75 милиони евра за
Норвежанецот.
„Скај Германија“
извести дека Салах засилувања за „Редсите“, а од клубот јасно навел дека
посакува да е повеќе компетитивен во иднина, а освен Ливерпул, за услугите на
Халанд интерес имаат пријавено уште и ПСЖ, Манчестер Сити, Реал Мадрид, како и
Манчестер јунајтед.
Што се однесува пак до Салах, неговиот актуелен договор истекува во 2023 година.