Барселона ја мониторира ситуацијата со Патино во Арсенал

by
1 минути читање

Приказната со младата
ѕвезда на Арсенал која се прослави во Карабао купот, Чарли Патино е веќе
позната, а не е лошо да потсетиме дека клубот од Лондон пред шест години го
купи од Лутон за само 10 илјади фунти.

Скаутот на
академијата на Арсенал, Шон О
Конор за Патино тврди дека е најдобриот фудбалер кој бил дел од младинскиот
погон на тој клуб, а тој веќе привлекува интерес од страна на европските
гиганти.

Се верува дека
најсериозен интерес за Патино има Барселона, која посакува да го доведе 18
годишниот фудбалер на „Камп Ноу“, а во прилог на Каталонците сигурно им оди
фактот што Патино за свои идоли ги смета Казорла, Фабрегас, како и Артета.

Талентот на Арсенал, Патино на фан преку порака му одговори што ќе направи ако ПСЖ му испрати понуда! (ФОТО)

Како и да е, иако
„Марка“ пишува дека Барселона ја мониторира ситуацијата со Патино во Арсенал,
сепак вреди да се напомене фактот дека младата ѕвезда и повеќе од веројатно е
дека е среќна во редовите на „Топчиите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×