Дали Мота ќе добие отказ откако ја оствари најголемата победа како тренер на Специја?

by
1 минути читање

Утринава во италијанските медиуми се појави вест дека Специја го подготвила отказот за Тиаго Мота и чека само да помине 2021 година и да му го врачи.

Според клаузулата во договорот доколку Мота биде отпуштен во 2021, ќе треба да му платат 400.000 евра. Па затоа клубот наводно чека да дојде 2022 за да се раздели од тренерот.

Но, Мота денеска ја предводеше Специја до гостинска победа кај Наполи кој е конкурент за Скудетото.

Дали Мота ќе добие отказ после вака голема победа, или ќе го предомисли раководството на Специја да му даде уште една шанса, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×