196
Специја која беше во лоша форма, со 1-0 го победи Наполи и тоа на негов терен.
Единствениот гол се случи во 37. минута кога Жесус си постигна автогол.
Елмас почна од клупата, во игра влезе во 78. минута, а во судиското продолжение ја погоди пречката по удар со глава.
По ремито со Удинезе и поразот од Наполи, Милан им се врати на победите откако со 4-2 го совлада Емполи.
Кеси даде два гола во првото полувреме, по еднаш погодија Флоренци и Тео Ернандез во вториот дел. Головите за Емполи беа дело на Бајрами и Пинамонти.
По ова коло Милан си ја врати втората позиција, сега има три бода повеќе од Наполи, а четири помалку од лидерот Интер.