Предводникот на
ПСЖ, Маурицио Покетино верува дека на секоја екипа и е потребен напаѓач од
калибарот на Мауро Икарди, со тоа што поранешниот капитен на Интер се поврзува
токму со трансфер во редовите на „Старата дама“.
Познато е дека Јувентус
е во потрага по напаѓач, а Икарди се споменува како најсериозен претендент за
таа позиција во клубот од Торино, меѓутоа со тоа не се согласува и Покетино.
„Секогаш велам
дека сите фудбалери се важни во тимот“ рече Покетино.
„Мауро е фудбалер
кој поседува посебен капацитет за постигнување на погодоци, би и бил потребен
на секоја екипа, се уште верувам дека тимовите не зависат само од 11 фудбалери“
додаде аргентинскиот фудбалски стратег.
„Потребно е да
имате баланс во тимот, а токму тоа го носи Икарди во нашиот тим“ заклучи
Покетино кој повеќе од веројатно е дека не сака продажба на својот сонародник.