Лацио сигурен на гостувањето кај Венеција (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лацио обезбеди
победа од 1-3 на гостувањето кај Венеција во 19 коло од Серија А, а тимот на
Маурицио Сари прв поведе со голот на Педро уште во 3 минута од пресметката.

Сепак на паузата
обете екипи заминаа со нерешен резултат откако Форте во 30 минута израмни на
1-1.

Во второто
полувреме по само три минути игра Ачерби одново ги врати гостите во водство,
овој пат од 1-2, а Алберто во самата завршница ги постави конечните 1-3.

Лацио со оваа
победа сега има 31 бод, а воедно е на делба на седмото место на табелата заедно
со Фиорентина.

Во вториот меч
кој се играше во истиот термин Болоња со 0-3 славеше на гостувањето кај
Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×