Реал има сериозни проблеми, Анчелоти не може да смета на половина тим за дуелот со Атлетик

by
1 минути читање

Поради коронавирус Анчелоти од претходно знаеше дека нема да може да смета на Модриќ, Марсело, Родриго, Бејл, Асенсио и Лунин, кои го пропуштија и дуелот со Кадиз.

Но, на листата на позитивни се приклучија и Давид Алаба и Иско, и тие ќе го пропуштат дуелот против Атлетик Билбао.

Но, тоа не се сите отсутни, поради мала повреда нема да биде во комбинација ниту Дани Карвахал, а Дани Себаљос уште не е подготвен по повредата на зглобот. 

Нема да игра ниту Касемиро кој е суспендиран.

Тоа значи дека Азар повторно ќе добие шанса да го почне натпреварот, а како централен дефанзивец се очекува да стартува Начо Фернандез.

Составот на Реал Мадрид за вечерва кој го предвидуваат шпанските медиуми: Куртоа, Менди, Милитао, Начо, Васкез, Камавинга, Крос, Валверде, Винисиус, Азар и Бензема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×