183
Арсенал со 5-1 го победи Сандерленд, а три од головите беа дело на Нкетиа.
Неговиот договор со Арсенал завршува по крајот на оваа сезона, а клубот посакува да потпише продолжување на соработката со напаѓачот.
„Навистина сакаме Нкетиа да остане во Арсенал“, изјави Артета по мечот.
„Потребни му се уште минути на теренот. Еди е значаен дел од нашиот состав“.
„Тој секој ден работи многу напорно и дава голови на секој тренинг. Среќен сум со него. Секогаш кога ни е потребен е тука. Се обидуваме да му дадеме повеќе минути“.