Предводникот на
Челси, Томас Тухел ќе може да здивне по големите проблеми кои го снајдоа
неговиот тим со позитивни случаи на ковид-19, откако пристигна потврда дека
Жоржињо бил лажно позитивен на вирусот.
Со тоа фудбалерот
од средниот ред ќе биде во можност за настап уште во Карабао купот против
Брентфорд, а ова е барем за момент мала светлина од тунелот за Челси кој
пријави дури седум заразени со ковид-19, а од Премиерлигата не излегоа во
пресрет за нивното барање да се одложи мечот со Вулверхемптон.
Дека Тухел имаше
многу проблеми во својот ростер доволно говори фактот што Н’Голо Канте мораше да игра и повреден на „Молењу“
изминатиов викенд, но Французинот сега ќе биде во фаза на рехабилитација.