Конте: УЕФА многу ме разочара

by
1 минути читање

Мечот меѓу Тотнем и Рен беше одложен поради ковид-19, но УЕФА не можеше да најде нов термин кој ќе им одговара и на двете екипи па мечот го регистрираше со службен резултат за францускиот тим.

Тоа значи дека Тотнем го освои третото место во својата група и го заврши настапот во Европа. Конте е лут поради одлуката на УЕФА.

„Ова е неверојатна одлука, не е праведна. Цел свет знае дека се соочивме со големи проблеми, со корона. Не сме ние криви што натпреварот не се одигра, едноставно имавме многу заразени и Владата одлучи да го затвори нашиот тренинг центар. Искрено, за мене, за играчите, клубот и нашите навивачи ова е неверојатна одлука. Не е фер“, вели Конте.

„Заслужуваме на терен да покажеме што можеме. Многу сум разорачан поради таа одлука на УЕФА. Се надевам дека нешто ќе се промени во следниот чекор, бидејќи заслужуваме да го играме тој меч“.

„Постои уште еден чекор до конечна одлука. Ова не е дефинитивна одлука. УЕФА пресуди, но таа одлука треба да биде потврдена. Повторувам дека многу сум разочаран. Ова значи дека некој не знае какви проблеми имавме или можеме има некој личен интерес вака да биде“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×