Агентот на Елмас: Сонуваше за гол на Сан Сиро… вреди 70-80 милиони евра зошто ретко кој е како него

by
1 минути читање

Елиф Елмас го
сврте вниманието на себе откако во неделата погоди на Сан Сиро и донесе голема
победа за Наполи во дербито со Милан. Неговиот агент сега објасни на што се
должат одличните партии на Македонецот.

„Елмас сега го
има континуитетот кој му фалеше изминатите години. Претходно играше по 10-15
минути на крајот од натпреварите и не е лесно да се докажеш. Сега работите се
променети и има поголема самодоверба“
– вели Џорџ Гарди во разговор со Радио
Марте.

„Не е само голот
против Милан, неговите погодоци беа решавачки и во Лига Европа. Се почесто е
пред противничкиот гол, чувствува дека ја има довербата од сите. Зборуваме за
модерен фудбалер кој го има насекаде по теренот, често е во шеснаесетникот па
затоа има повеќе шанси да постигне гол. Мислам дека со леснотија секоја година
може да има двоцифрен број на погодоци“.

Минатиот месец,
фудбалската опсерваторија ЦЕИС го процени Македонецот на 70 милиони евра.

„Според мене, ова
е реална сума. Елмас е 1999 годиште а веќе има 100 натпревари во дресот на
Наполи, над 30 за репрезентацијата на Македонија
, нема многу играчи во Европа кои можат да се
пофалат со вакви бројки. Само врвните играчи имаат ваква врендост, но секако,
на крајот пазарот е тој кој одлучува каква е цената не некој фудбалер“.

Запрашан дали се
водат преговори за нов договор, тој вели: „Во моментов не, Елиф има долг
договор и нема размислување за продолжување на соработката“.

Гарди потоа откри
дека една од првите желби на Елиф Елмас по трансферот во Наполи бил гол на Сан
Сиро.

„Уште кога
пристигна во Италија, почна да сонува за гол на Сан Сиро. Среќен сум што погоди
во неделата против Милан, но ова е само почеток. Тој има огромен потенцијал, се
надевам наскоро ќе може во целост да прикаже што умее“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×