290
Њукасл стана
најбогатиот клуб во светот откако премина во рацете на конзорциум предводен од
Саудиска Арабија. Се најавуваат големи трансфери и милиони потрошени на
засилувања, но клубот од „Сент Џејмс Парк“ до овој момент се мачи да привлече звучни
имиња.
Антони Марсијал
беше желба на новото раковдство, но Французинот има други планови, преферира да
се пресели во Ла Лига, во редовите на Севиља.
Неколку извори
пренесуваат дека преговорите бележат добар прогрес и се очекува напаѓачот на Манчестер јунајтед да се
пресели во Андалузија на позајмица до крајот на сезоната.