138
Италијанскиот напаѓач беше во изолација бидејќи неговата сопруга беше позитивна на ковид-19. Од таа причина тој го пропушти и мечот против Џенова во петокот.
Тогашните тестови на Имобиле беа негативни, но „Газета дело Спорт“ открива дека сега и тој е позитивен на вирусот.
Тоа значи дека Имобиле ќе го пропушти натпреварот против Венеција кој Лацио го игра утре.
Имобиле и пред една година беше позитивен на ковид-19.