Двајцата фудбалери беа дел од победата над Лидс од 7-0, но останаа на клупата за резерви на мечот со Њукасл.
„Телеграф“ објави слика како Грилиш и Фоден се забавуваат во ноќен клуб по победата над Лидс, Пеп Гвардиола не бил среќен кога ги видел во каква состојба се следниот ден на сесијата се рекуперација.
„Не се работи за ротација. Одлучив кои играчи заслужуваат да играат на мечот со Њукасл, а кои не. За време на Божиќниот период треба да обрнеме внимание на однесувањето на теренот и надвор од теренот. И кога однесувањето на некои надвор од теренот не е како што треба, тогаш тие нема да играат. Мора да бидеме фокусирани овој период, не смееме да дозволиме Божиќниот период да влијае на резултатите“, изјави Пеп Гвардиола.