Платата на легендарниот бразилски фудбалер е 150.000 евра по сезона. Тој сигурно на било кое друго место можеше да се договори за далеку поголеми примања, но избра да се врати на Камп Ноу за годишна сума која некои фудбалери ја заработуваат за неколку дена.
„Целиот фудбалски свет е фокусиран само на пари. Јас не сум од таа приказна. Не сум бидејќи сум ги искусил и двете страни на животот, како е да си беспари и со нив… Милион, два или повеќе ништо не ми значат во животот. На крајот што ќе однесеме во гробот со себе? Јахти, скапоцени автомобили и приватни авиони сигурно не, туку само сеќавања и успеси. Кога ќе умрам сакам луѓето да кажат: Тој беше фудбалер кој размислуваше поразлично од другите“, изјави Алвеш.