Не станува збор за ротација: Гвардиола објасни зошто ги изостави Фоден и Грилиш за Њукасл

by
1 минути читање

Манчестер Сити ја
оправда фаворитската улога на гостувањето кај Њукасл во 18 коло од
Премиерлигата, а „Граѓаните“ славеа убедлива победа од 0-4.

Сепак, ако
многумина помислија дека Џек Грилиш и Фил Фоден се изротирани во составот на „Граѓаните“,
сепак, не станува збор за ротација, барем споровите на Пеп Гвардиола, кој јасно
обзнани дека причините се сосема други.

Не се работи за
ротација, не, одлучив на терен да го изведам овој тим бидејќи тие заслужија да
играат денеска, овие момци, а не тие другите
“ рече Гвардиола.

За периодот
околу божиќ јас многу обрнувам внимание на однесувањето на фудбалерите, како на
теренот, така и вон него, а кога однесувањето вон теренот не е добро, тогаш тие
нема да играат
“ додаде тој.

Манчестер Сити со
44 бода по 18 натпревари има предност од три бода во однос на Ливерпул, а
периодот кој следи ќе претстои фестивал од фудбалски натпревари во
Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×