Рајола и дава надеж на Барселона, ги отвори вратите за трансфер на две големи ѕвезди

by
1 минути читање

Мино Рајола беше прилично
активен изминатиов викенд, даде неколку интервју и ја коментираше иднината нa дел од своите клиенти.

„Халанд може да
ја чека Барселона, немаме пред-договор со ниту еден клуб. Ќе ја одбереме
најдобрата опција, не ја исклучувам ниту можноста тој да остане уште една
година во Дортмунд“
– вели контроверзниот агент.

„Барселона има моќ
да привлече спонзори и да ја подобри финансиската состојба, ќе се вратат за
една или две години. Повторно ќе бидат еден од најдобрите клубови во светот“.

Се верува дека
Ерлинг Халанд е желба на претседателот Жоан Лапорта, но Барса нема пари за
трансфер во јануари, а средства сигурно ќе бидат лимитирани и следното лето.

Мино Рајола потоа
проговори и за иднината на дефанзивецот на Јувентус, Матајс Де Лихт.

„Де Лихт е
подготвен за нов чекор. Ќе видиме што ќе се случи летоска. Може да се пресели
во Премиерлигата, но и во клуб како Барселона, Реал Мадрид или ПСЖ“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×