Клоп бесен по дербито: Немам проблем со судиите, само со тебе! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Судијата Пол Тирни кој го судеше мечот предизвика многу реакции, особено за чудниот критериум кога станува збор за црвените картони.

Во првото полувреме не му даде црвен картон на Хари Кејн кој стартуваше со отворен ѓон, а во вториот дел за помлак старт Робертсон беше исклучен.

„Немам проблем со ниту еден судија, немам. Само со тебе. Само со тебе. Не судеше чист пенал. Мора да стане за да шутира. Имам проблем само со тебе, ти никогаш не си играл фудбал“, му велеше Клоп на судијата по завршувањето на мечот.

А потоа на пресот по мечот продолжи да зборува за судењето.

„Робертсон е добро момче, но загуби контрола. Можеш да му дадеш црвен на Робертсон, тоа не беше баш најпаметен потег, но стартот на Хари Кејн дефинитивно беше за црвен. Нема дилеми за тоа. Тоа што ногата на енди беше во воздух е чиста случајност, да му беше на земја ќе заработеше скршеница. Имаме ВАР кој само собира прашина. Но, кога беше стартот на Робертсон судијата одлучи да го прегледа случајот, тогаш видовме дека во ВАР собата се присутни, претходно мислевме дека нема никој во канцеларијата. Но зошто ги немаше при стартот на Кејн? А имавме и ситуација со недосуден пенал и фаул над Диего Жота. Господин Тирни ми рече дека Жота застанал затоа што чекал фаул. Па мора да застане ако сака да шутне, не можеш и едното и другото“, бесен е Клоп

„Немам проблем со ниту еден судија, немам. Само со тебе. Само со тебе. Не судеше чист пенал. Мора да стане за да шутира. Имам проблем само со тебе, ти никогаш не си играл фудбал“, му велеше Клоп на судијата по завршувањето на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×