Историскиот гол на Гави со кој го надмина Меси: Прием со пета, продор и прецизен шут (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Децата на Барса
вечерва донеса триумф од 3-2 против Елче и три важни бода во битката за топ
четири пласман.

За одбележување е
погодокот на Гави, кој прими топка со пета и мајсторски се ослободи од свoјот чувар, потоа убаво продре и од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно за прва радост.

Со овој гол, тој
го надмина Лео Меси и со 17 години и 135 дена стана третиот најмлад стрелец во
историјата на Барса. Аргентинецот имаше 17 години и 331 ден кога за прв пат ја
тресеше мрежата во дресот на „каталонците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×