Гасперини бесен на судиите: Некој да ми објасни зошто ни го поништија голот, ова е лудост!

by
1 минути читање

Рома попладнево изненади
на гостувањето во Бергамо и ја совлада Аталанта со 1-4, но конечниот резултат
можеше да биде поинаков откако Дуван Запата донесе 2-2 во 68. минута. Сепак,
ВАР го поништи погодокот поради офсајд на Паломино, одлука која е неразбирлива
за тренерот Џан Пјеро Гасперини.

„Очекувам некој
да ми објасни зошто беше поништен голот. Паломино не ја допре топката,
Кристанте си постигна автогол“
– вели предводникот на Аталанта. „Зошто беше
досуден офсајд кога Паломино не ја допре топката? Тој е позади Кристанте, не
влијае врз играта“.

„Со 2-2 и 20
минути до крајот, ќе беше поинаков меч. Немојте да ме разберете погрешно, Рома
пак можеше да победи, но тоа беше клучен момент на мечот“.

„Дали правилата
се променети а нас никој не не извести за тоа? Судијата ни кажа дека Паломино
ја допрел топката и бил во офсајд, но Паломино не ја допре топката, ова е
лудост!“

„Со вакви потези се
нарушува кредибилитетот на првенството“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×