Барселона е во
потрага на нов напаѓач по одлуката на Кун Агуеро да стави крај на кариерата
поради здравствени причини и Единсон Кавани е прво име на листата со желби.
Новинарот Жерард
Ромеро пренесе дека „каталонците“ на Уругваецот му нудат договор со должина од
година ипол, и ги открива деталите.
До јуни месец
напаѓачот ќе заработува 3,5 милиони евра, плус еден додатен милион во бунуси
кои ќе зависат од неговите перформанси.
Следната сезона,
неговите примиња ќе бидат 4 милиони евра, плус додатни 1,5 милиони евра во
бонуси кои кои ќе зависат од перофмрансите на Единсон Кавани и успесите на
Барса.
Доколку се
соберат сите суми, станува збор за соработка од 18 месеци вредна 10 милиони
евра.