Чави сака неколку засилувања во јануари, но еден фудбалер е приоритет

by
1 минути читање

Барса изгледа немоќно, испадна уште во групната фаза од Лигата на шампионите, а во Ла Лига не е ниту во топ 4 во моментов.

Доколку ситуацијата не се подобри, клубот ризикува да не се пласира во Лигата на шампионите за следната сезона.

На Чави му требаат неколку засилувања, но приоритет е Феран Торес од Манчестер Сити.

Лук де Јонг се покажа како некорисно засилување, Агуеро стави крај на кариерата од познати причина, а Бретвајт е повреден, па опциите во нападот изгледаат очајно лошо.

Цената на Торес одредена од Манчестер Сити е 50 милиони евра и тие немаат намера да отстапат од неа, но се верува дека се отворени за преговори за начинот на кој таа сума ќе биде исплатена. Во тој поглед ќе бидат флексибилни и подготвени да се договорат за исплата на рати или некои други решенија.

Но, Барселона во меѓувреме ќе треба да се потруди и да продаде некој од фудбалерите кои не даваат придонес а добиваат огромни плати како Кутињо и Умтити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×