Дефанзивецот на Барселона, Умтити веќе одамна не е во плановите на тренерите на каталонскиот тим, не игра, но не сака ниту да си оди бидејќи има многу богат договор.
Но, неговата тактика е апсолутно погрешна, тој додека трае договорот со Барселона ќе го земе „богатството“, но си ја уништува кариерата бидејќи се помал е бројот на клубови кои би сакале да го ангажираат.
Весникот „Спорт“ информира за настан кој се случил пред неколку години кога претставник на Барселона во преговори со некој европски клуб им го понудил Умтити.
Од клубот се изнасмеале и прашале дали тоа е шега. Тие го сметаат него за веќе поранешен фудбалер. А не станувало збор за некој клуб кој е гигант.
Во минатото коло Чави го стави во игра, веројатно Барселона се надева дека ако Умтити одигра некоја партија, ќе се најде клуб кој ќе загриза за него.
Фудбалерот кој беше Светски шампион на Франција, има само 28 години, а веќе никој не го сака.
Прогнозите велат дека нема клуб кој на Умтити ќе му понуди и една десетина од платата која ја заработува во Барселона.
Наместо да игра на највисоко ниво и за нешто помала плата од таа што ја добива во Барселона и неговата кариера да трае долго, а со тоа вкупната заработка кога ќе се пензионира ќе му биде поголема тој избра да го испочитува договорот со Каталонците и да го снема од видокот на фудбалската јавност.
Договорот со Барса му трае до јуни 2023 година, а како што стојат работите тешко дека ќе се најде купувач за него за да си отиде порано од Камп Ноу.