153
Младата ѕвезда на
ПСЖ, Килијан Мбапе отвори можност за повеќе шпекулации околу неговата иднина со
тоа што јасно посочи дека е отворен за предомислување во однос на таа тема која
е мошне актуелна.
„Преселбата од
Монако во ПСЖ беше логична“ рече Мбапе.
„Но, секогаш
постои место и простор за нешто непланирано, да се има забава, оној фактор на
изненадување, тоа е дел од убавината на спортот“ додаде тој.
„Можат да се
случат работи кои ќе ви го променат мислењето, невозможно е да предвидите што
ќе сторам во следните 20 години“ заклучи напаѓачот кој се поврзува со трансфер
во Реал Мадрид.